Kанцеларија за криминалистички работи во Прилеп поднесе кривична пријава против Д.З. (29) од Прилеп, поради основано сомнение за сторени кривични дела попречување на службено лице во вршење службено дејствие и загрозување на сигурноста.
Според пријавата, на 13 јануари околу 3:10 часот, во казиното сместено на улицата “Кузман Јосифоски – Питу” во близина на центарот на градот, пријавениот Д.З. откако бил отстранет од казиното од страна на обезбедувањето и на други лица кои биле присутни во објектот, тој со шрафцигер нападнал едно од лицата, соопштуваат од полицијата.