Откажани сите концерти: Македонската легенда доживеа мозочен удар

Пејачот на групата „Парни ваљак“, 62-годишниот Аки Рахимовски, доживеал полесен мозочен удар.

Сите концерти на бендот се откажани. Ова на фановите им беше соопштено преку официјалните страници на групата на Фејсбук и на Инстаграм.

„За жал принудени сме да ги откажеме сите концерти на неопределено. Аки Рахимовски имаше полесен мозочен удар и иако се чувствува подобро, некое време треба да забави и да се фокусира на заздравувањето.

Многу сериозно ја сфаќаме нашата работа и со незадоволство ќе разочараме илјадници луѓе кои се радуваа за претстојните концерти, но здравјето на Аки сега е на прво место“, пишува во објавите на социјалните мрежи. Рахимовски за 24сата.хр изјавил дека се чувствува добро

Аки или како што се вика Александар Рахимовски е роден во Ниш но веднаш се преселил во Скопје каде што поминал поголем дел од својата младост. Тој за себе вели дека е Македонија секогаш ќе му биде во срцето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.