Отишол на фудбалски натпревар, влегол во тоалетот, а потоа се случило пресврт- се вратил дома по 11 години!

Швајцарецот Ролф Бантл, навивач на фудбалскиот клуб Базел, пред 11 години дошол во Милано како би го бодрел својот тим во мечот против домаќинот Интер кој се играл во рамки на Лигата на шампионите.

Неколку моменти пред главниот судија да стави крај на натпреварот, Бантл, тогаш 60-годишник отишол до тоалет. Тоа бил почеток на една луда авантура која неодамна завршила.

По излегувањето од тоалет, не успеал да ги пронајде пријателите со кои дошол. А бидејќи му се допаднала атмосферата одлучил да остане во Милано, пишува Швајц ам зонтаг.

Без мобилен телефон и со 20 евра и 15 швајцарски франци во џеб, набрзо почнал да живее како бездомник.

„Луѓето ми даваа храна и цигари, еден студент ми подари вреќа за спиење“, раскажал Бантл.

„Ми беше убаво, немав причина да се вратам дома. Уживав во слободата. Бидејќи работев на градилишта со Италијанци немав проблем со јазикот“, додал тој.

Неговата авантура завршила 2015 кога паднал и ја скршил ногата. Во болница лекарите утврдиле дека нема здравствено осигурување, па ја контактирале швајцарската амбасада како би го утврдиле неговиот идентитет.

Бантл се вратил во Базел после 11 години лутање. Денес живее во старечки дом како 71-годишник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.