Долго време размислував дали и како да се огласам до сите оние кои ја гушат Македонија и македонската вистина! – пишува новинарот Слободан Томиќ, во своето отворено писмо до Рајнхард Прибе, по повод неговиот извештај за Македонија
Писмото ви го пренесуваме во целост:
Затоа решив најпрвин вам да го упатам оваа обраќање Господине Прибе.
Ви се обраќам пред се како Македонец, а потоа како човек , новинар – фри ленсер или независен новинар и воедно како активен член на Македонската Асоцијација на новинари МАН. Сакам да нагласам дека сум автор на илјадници интервјуа меѓу кои се и интервјуата со највлијателните политички личности во светот, како и автор на интерактивниот политички радио -телевизиски форум „ Гласот на народот со Слободан Томиќ“!
Ние во Македонија, како по обичај, сме народ кој знае за се и секому да најде маана. Едни други да набедуваме и навредуваме, да кодошиме и скраја да е, некого предвреме на оној свет да го испратиме!
Не сакам и јас така да звучам,бидејќи себеси се сметам за поинаков од оние кој се умилкуваат или вовлекуваат, се за свои лични и бедни интереси !
Кога веќе зборуваме за интересите , морам веднаш на почеток да ве прашам, почитуван Прибе, Вас и Вашите пријатели во ЕУ, за кои и какви интереси работите и се залагате вие?
Секаде и во секоја прилика го спомнуваат вашето презиме Прибе. На свадба Прибе, на погреби, на родендени, на кршевки на слави, Прибе, на први средби, на разделби, дури и на правење на туршија!
Ова последното, демек, ако сакаме да бидеме членки на ЕУ, тогаш ништо од Ајварот,оти тоа се коси според законите на ЕУ, а нели ,каде се законите ,правото или судството,ете тука ти е пак Прибе!
Затоа, велам,аман бре луѓе, што направивте од човекот?
Почитуван Прибе,за прв пат во мојот живот во медиум стапнав уште во 1980 година,или пред 37 години како млад соработник во образовната програмана тогашната Телевизија Скопје, денешна Македонска Радио и Телевизија. Во таа Образовна програма,за прв пат со моите 21 година доживеав метаморфоза во мојот ментален чип со македонизмот !
Што беше тоа македонизам? Ете тоа е да си ја засакаш татковината, државата во која растеш како дете, учиш и се образуваш.
Станав сопруг,потоа татко и сега сум дедо на двајца за мене големи Македонци, Кристијан и Слобоодан, моите внуци . Нив, иако се деца, никој не може да ги излаже ако им ја постави македонската иконографија:химната , и грбот, во еден глас, кога тоа ќе го видат, велат :„ Дедо, Македонија …!“
Да, овие млади Македонци, од кој едниот наскоро ќе наполни 4 години, а постариот 6 години, веќе се идентификуваат со основните белези на државата. Со нејзиното име, јазик и снаме, со еден збор тие знаат дека се дел од Македонија !
Сега, да преминам на второто или основното или најважното, а тоа е :„ Гласот на народот “!
Од таа моја преобразба или метаморфоза, од еден Титов пионер или младинец, кога не учеа на училиште дека немаме ништо заедничко со Македонците на Александар Македонски, ниту „ К“ од Кутлеш, јас со моето влегување во утробата на Македонија преку познатите антички театри Лихнидос, Хераклеа, Стоби и во Скупи, преку мајката на плодноста во Тумба Маџари, решив поинаку да ги перципирам работите за Македонија и Македонизмот !
Да, токму тоа. Размислив и се решив да го слушнам,кренам и пробудам Гласот на народот на секој Македонец, не само по ген, туку кај секој кој си ја сака Македонија како своја татковина !
Се случи таа Еурека. И би, тоа се слушна! Се крена, се разбуди гласот на народот, преточен преку еден интерактивен форум под истиот наслов, познат како „ Гласот на народот“ !
Почитуван Прибе,
Оваа емисија или форум, секогаш имаше и има за цел да застане на страната на вистината, на правдата од Исконот на Македонија, за македонската приказна.
Да, вистинската приказна за Македонија,а не ретуширана или уништена, избришана !.
Почитуван Прибе,
Ве почитувам од многу аспекти. Пред се , бидејќи сте прецизни и директен во изнесувањето на лошите рабопти, тактики или политички математики во која и да е средина, вклучувајќи ја и Македонија !
Целосно ви давам за право!
Нема што ! Исто така, се согласувам во ставот за реформа и дисциплина во медиумите односно слобода во медиумите ! Но, што мислите за случувањата и состојбите на двојните стандарди:Ќе прашате како тоа? Едноставно ќе вии одговорам.
Во мојата или нашата Македонија, за СДСМ ,наследник на СКЈ или СКМ, кога не е на власт, за неа се е криминал, диктатура, терор, тиранија и гушење на медиумскиот простор, велат : ..„нема слобода нема мир ниту во државата ниту во медиумите..! “
Но, ако сега направам една анализа, ќе речам, пред да се случат таканаречените промени на политичкиот амбиент, во Македонија или насила формирано парламентарно мнозинство, во Македонија имаше премногу медиуми.
Некои беа со ,,раштиман тоналитет,, некои имаа диригентски палки,, или ,,далечински управувачи,, , но, за жал, некој или повеќето од нив и ден денес работат по тој тоналитет или диктат.
„ Гласот на народот со Слободан Томиќ’ и мојата маленкост се давевме и гушевме во тој смог.
Од октроирани или инфицирани медиуми кои себе си се преставуваа за демократски или ,,борци,, за човековите права и носители и творци на подобар живот во Македонија, бидејќи Македонија беше „тиранија“ под режимот на „ Тиранинот “ Еве сега го нема „ Тиранинот “ !
Но, се случи тоа што некои го посакуваа и креираа како можно сценарио насловено „ Бришење на Македонија од карата на светот и картата на народите “ !
Почитуван Прибе,
Ние денеска немаме промени! Напротив имаме поголема катастрофа или контаминација од нечисти и валкани медиумски артикулации, ја изгубивме објективноста ! Повторнио ја угушивме слободата на медиумите !
Почитуван Прибе,
Јас и мојот радио и телевизиски интерактивен форум- проект „ Гласот на народот со Слобиодан Томиќ“ останавме на улица и се прашуваме : ..„ кој ќе не прибере нас, ако не сме блиски со Прибе, или ако не ги слушаме и не одиме по ќеифот на ,, мускул коалицијата ? “
Кој медиум ќе ни даде простор и ние да си го кажеме нашето мислење денес, ако пристигна „Слободата во Македонија..?“
„ Гласот на народот“, го слуша гласот на народот речиси 17 односно 18 години..
Сега Форумот „ Гласот на народот“ или Народниот парламент, нема медиумски простор, не не прибира Никој..!
Зошто..?
Прашуваме, каде е сега судот на моралот и правата на новинарите и медиумите, преточено преку загриженоста на извесната Мијатовиќ од почитуваната ОБСЕ или позната КЕБС, за да се за да се загрижат за слободата, безбедноста и правата на луѓето и на медиумите..?
Почитуван Прибе,
Ве поканувам од мое име и од името на сите Македонци, а ги има на сите пет континенти !
Приберете ги вашите послушни ученици и речете им, подалеку од „ Гласот на народот“, подалеку, од вољаљта на народот, а таа е јасна и чиста: Единствена, унитарна, независна и незаразена со предавство- Република Македонија..!
Со почит,
„Гласот на народот со Слободан Томиќ“
Слободан Томиќ,
Автор на Интерактивен радио телевизискски форум