Словенечката општина Кочевје денес ја отвори за јавноста најчуваната воена тајна од времето на комунизмот. Бункер претворен во музеј во кој туристите ќе може да се запознаат со минатото.
За туристите е отворен и подземниот воен објект ” бункер К-35″, граден во време на Студената војна од 1953 до 1957 година, во кој во случај на напад од СССР на Југославија, требало да бидат сместени словенечките политички и воени раководства, да ги водат операциите против окупаторот.
“Бункерот К-35” е составен од половина километар ходник и шест соби, сместени 80 метри под земја, со кујни, систем за греење и зрачење, непробојни врати, електрична мрежа која се напојува од генераторот добиен од заробената германска подморница, односно се што е потребно за живот на поголем број луѓе за подолг временски период.
Како што се пренесува, во бункерот можело да се преживее 100 денови, дури и во случај на нуклеарен напад. Се што е зачувано во бункерот е во изворниот облик.
Инфраструктурата и системите, вклучувајќи го и командното место, иако се застарени сеуште се во погон.
Општината Кочевје го обновила и го прилагодила просторот за туристички намени, во вид на историски музеј, откако неодамна го добила објектот од словенечкото Министерство за одбрана.
Ф.Г.