До Општинската изборна комисија на Град Скопје до синоќа на полноќ се поднесени осум кандидатури за градоначалник и девет листи за советници за претстојните Локални избори 2017. Листите треба да бидат потврдени од ОИК во рок од 48 часа по поднесувањето односно до утре на полноќ
Кандидат за градоначалник на Скопје на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е актуелниот Коце Трајановски, а на коалицијата предводена од СДСМ е Петре Шилегов.
Кандидат на Левица е Марија Јонес, на ТМРО Ванчо Шехтански, на ДПА Беким Фазлиу, на Беса Нафије Селмани, на Алијанса на Албанците Наим Бајрами и на НДМ Ѓорѓи Тодоров.
Советнички листи поднеле коалициите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, ТМРО, ДУИ, ДПА, Беса, Алијанса на Албанците и НДМ.