Осуден поради “лајкување” на Фејсбук – казната е огромна

Screenshot_2-93-640x416

Швајцарец бил осуден за клевета бидејќи на Фејсбук “лајкувал” критика на претседателот на едно здружение.

Ова е прв пат некој во Швајцарија да биде осуден поради “лајк”.

Според пресудата на окружниот суд во Цирих, 45-годишниот човек осуден е бидејќи стегнал “лајк” на коментарите на Фејсбук каде Ервин Кеслер, претседателот на Здружението за противниците на сточарските фарми и кланици, без докази бил наречен “расист и фашист”.

Ова се случило за време на дискусијата меѓу активистите за одбрана на животни, која се случила во 2015 година.

Во пресудата судот наведува дека тој човек, со тоа што стегнал “лајк”, ги проширил оптужувањата кои не може да се докажат. Осуден е да плати казна од 4.000 швајцарски франци (3.700 евра), а има право на жалба во Кантоналниот суд во Цирих.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.