Османи: Иванов има рок уште неколкку дена – ако не го потпише Законот за јазици ќе го заобиколиме

Претседателот Ѓорѓе Иванов има уште неколку дена да го потпише Законот за јазиците. Во спротивно, вицепремиерот Османи вели дека има начини тој да биде и заобиколен.

Тој има уште неколку дена можност да го потпише законот, ако не го стори тоа ќе остане запаметен во историјата како човек кој не дал никаков придонес за просперитетот, унитарноста и екслузивноста на Македонија – вели Османи.

Османи објасни дека ако не одлучи да го потпише ќе најдат други начини да се стави законот во сила.

– Постојат такви начини, но не сакам сега да ги коментирам – дециден беше Османи.

Тој во презентацијата на имплемнтацијата на планот 3-6-9 го обележа Законот за употреба на јазиците со зелено што означуваше имплементиран закон.

– Го означив законот со зелено бидејќи за мене тоа е завршена работа, три пати пратениците кои ја рефлектираат волјата на мнозинството граѓани го изгласаа законот. Го повикавме Иванов да даде негов придонес како кохезивен фактор во опшеството, овој закон ги има сите предуслови да влезе во сила – објасни вицепремиерот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.