На 28.10.2017 г., во манастирот посветен на Св. Николај Мирликиски Чудотворец во село Манастир во Мариово се изврши осветување на монашките конаци. Осветувањето го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Епископот Хераклејски г. Климент, високопреподобниот архимандрит Никола (Трајковски) и протоереј-ставрофор Никола (Грамбозов).
На осветувањето присуствуваа и преподобниот игумен Агатон, министерот-советник на Руската амбасада во Македонија г-дин Константин Берсењев, деканот на Православниот Богословски Факултет во Скопје проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и други ценети гости и пријатели на манастирот.
Целата ГАЛЕРИЈА погледнете ја ТУКА