Не постојат официјални податоци за тоа колку навистина вреди севернокорејското рудно богатство, но според груби проценки од почетокот на оваа деценија, севернокорејските резерви на јаглен, цинк, бакар, графит, злато, сребро, молибден и многу други метали, вредат меѓу 6.000 и 10.000 милијарди долари.
Пред распаѓањето на Советскиот Сојуз, официјален Пјонгјанг бил посветен на рударските активности и трговијата со соседните комунистички партнери.
Меѓутоа, рудната индустрија на почетокот од 90-тите години на минатиот век доживеала колапс, поради занемарување и недостаток на средства за развој на инфраструктурата која би ги поддржала рударските активности.
Севернокорејскиот рударски сектор сега е под целосна забрана од Обединетите Нации, бидејќи Пјонгјанг го зголеми бројот на нуклеарни проби и драстично ја зголеми работната реторика.
Ф.Г.