Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе на “Ножот” во чест на загинатите ХЕРОИ (ФОТО)

19989799_10211786301025982_2758789688448855904_n

Членови на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заедно со претседателот Петар Ристески, денес на “Ножот” во близина на селото “Ракле” прилепско, положија цвеќе и присуствуваа на панихида во чест на загинатите херои во една од најкрвавите и најхеројски битки во македонската историја.

Oдбележувањето на овој јубилеј беше во организација на Македонското патриотско здружение “Патриот” од Прилеп.

20108369_10211786302186011_6758412394287037897_n

20046605_10211786305146085_3582264096730414007_n

19990508_10211786301425992_1189935514269969166_n

19958982_10211786302626022_27957632596565041_n

Битката на Ножот се одиграла на 14-ти јули 1907 година и важи за најголемата и најкрвавата битка која била водена од Четничкиот институт на Македонската револуционерна организација во периодот по Илинденското востание.

Причина за битката

По Илинденското востание бугарската, српската и грчката вооружена пропаганда во Македонија се засилуваат. На Рилскиот конгрес кој се одржал во септември 1905 година е донесено решение да им се даде решителен отпор.

Од средината на мај 1907 година четата на Тане Николов е по должината на планината Бабуна, а од месец јуни и 50-члената чета на Михаил Чеков и 30-члената костурска чета на Христо Цветков.

На четата на Тане Николов се приклучува и прилепскиот околиски војвода и член на окружниот комитет Петар Ацев. Кон нив се упатуваат и четите на Иван Наумов и една прилепска реонска чета на чело со Мирче Најденов.

Во регионот се концентрираат вкупно нешто повеќе од 150 комити и скоро 150 лица селска полиција од околните села. Главна цел на Обединетата чета под водство на Тане Николов е чистење на селата во Бабуна планина од србоманските шпиони и конечно уништување на српската пропаганда.

Србоманите од своја страна испраќаат агенти во Битола, Прилеп, Воден, Лерин, Тиквеш и Велес за да ги предадат на турските власти македонските чети во селото Никодин. По 10 јули турските војници се распоредуваат во целиот регион.

Подготовки за битката

Донесено е решение главнината да се подели на неколку помали чети, кои заземат позиции околу Никодин. Распределбата е на следниов начин: едно одделение од 40 лица зазема позиција над самото село, друго одделение од 100 лица, кое го сочинуваат главниот дел од комитските сили, се распоредува на падините помеѓу село Никодин и село Содржи. Трета единица од 45 лица од Костурската чета (30 луѓе) на чело со Христо Цветков и комити од четите на Михаил Чеков и Мирче Најдов зазема позиција на скалата Ножот над селото, другите две групи (од 8 лица) комити на чело со локалните војводи Секула Ораовдолски и Велко Попадиски се сместуваат под планината Асенова глава каде треба да го чуваат патот меѓу селото Никодин и село Владиловци, последната група се состои од четите на Тане Николов и Петар Ацев, заедно со селската полиција се височината Попадиските чукари.

На 13 јули војводите се собираат на совет. И покрај одлуката на прилепскиот градски окружен комитет четите да се повлечат, војводите одбиваат и се подготвуваат за отпор на турскиот аскер.

Текот на битката

Утрото на 14 јули турски аскер се насочува кон врвот Ножот со цел да го опколи комитите, a друга група турски војници од исток отвара оган во главната команда.

Комитите кои се наоѓаат на Ножот, отвараат оган по турскиот аскер. 18 комити се искачуваат и ги заземаат североисточните падини на самиот врв. Нивната позиција не им дозволува да гледаат што се случува на другите падини. Турските сили почнале да заземаат позиции околу самиот врв и да го обиколуваат.

До пладне пристигнуваат нови турски единици на чело на Енвер бег. Турска чета ги напаѓа другите 18 млади луѓе на североисточните падини, притиснати и од исток од аскер, сите паѓаат убиени, што го отвора патот за силен напад на Ножот.

Со 7 бомби четниците на Ножот се самоубиле. Четата на врв Асенова глава ги одбива нападите од село Смиловци и се повлекува. Четите на Михаил Чеков и Велко Апостолов – Попадиски се повлекуваат од Попадиската река во правец на село Подлес.

Со падот на ноќта четите се повлекуваат и турските војници им ја губат трагата. Во следните неколку дена аскерот наоѓа и убива неколку изгубени и повредени четници.

Епилог

Вкупниот број на загинатите комити во областа на планината Ножот е 67. Од нив 45 загинуваат на самиот врв, други 10 се убиени во подножјето на планината Асенова глава, 6 лица паѓаат при повлекувањето од врвот, 1 е убиен на Мирчовата ледина, 4 комити се опколени во една плевна – двајцата се убиени, а другите двајца (повредени од претходниот ден) се изгорени живи, еден фатен комита е обесен по два дена во Велес.

По заземањето на Ножот, турците се изживуваат врз загинатите комити, но Енвер бег го запира сето тоа и наредува почесен закоп во чест на храбрите борци. Телата на комитите по негова наредба се закопани во близина на врвот од локалните селани. Поради каменестата почва и недостатокот на земја тие се затрупани со камења и долго потоа делови од телата на комитите се разнасувани низ околината од диви животни и кучиња.

Istorija97-Mihail_chakov_cheta

Четата на Михаил Чаков

Istorija97-Tane_Nikolov_cheta_Nozhot

Четата на Тане Николов

Battle_of_nojot

Епилогот од битката

А/Г/

Текст Википедија




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.