Општина Прилеп секогаш дава голема поддршка на социјално ранливите категории. Помага во организација на сите хуманитарни акции и настани. Во изминатиот период Прилеп доби социјална зграда за 76 семејства од социјално ранливите категории кои го решија станбеното прашање, инвестиција вредна 1,7 милиони евра.
Градот под Марковите кули го организира и Светиниколскиот турнир во мал фудбал кој секогаш имал хуманитарен карактер. Прилеп традиционално го организира Божиќниот ручек наменет за децата без родители, децата со посебни потреби, децата на загинатите бранители…
Од оваа година Општина Прилеп во соработка со Црвениот крст на град Прилеп го организираше и хуманитарниот настан „Денови на солидарност за најмалите“. Тука е и еколошко-хуманитарната акција „Од народ за народ“ која општина Прилеп ја спроведува од декември 2012 година. Од тогаш па се до денес акцијата наиде на огромна заинтересираност и поддршка од страна на граѓаните. Досега преку оваа акција им се има помогнато на околу 50 социјално ранливи семејства да добијат покуќнина, облека и разни апарати што до тогаш неможеле да ги имаат. Целта на акцијата е, наместо на депонија, граѓаните од подрумите и гаражите да го отстранат она што не го употребуваат и него да го донираат на оние на кои навистина тоа им е потребно, а неможат да си го дозволат.
Проект „Супер Марио“ започна да се реализира во ноември месец 2013-тата година и досега општина Прилеп преку проектот има ангажирано 11 волонтери кои опслужуваат 60-тина стари и изнемоштени лица кои ги посетуваат трипати неделно со задржување кај нив до еден и пол час. Прилеп е еден од најхуманите градови кога станува збор за крводарителството, во нашиот град има неколку илјади крводарители. Дарувањето на крв значи спасување на живот и тоа е најхуманото нешто што еден човек може да го направи, а традицонално на 17 март на денот на крводарителите локалната самоуправа на Прилеп во соработка со Црвениот крст на град Прилеп доделуваат плакети и благодарници.
Посетуваме социјално загрозени семејства како во градот така и во населени места. Овие хуманитарни настани секогаш ги правиме за време на Велигденските, Божиќните, новогодишните, за 1-ви Септември кога започнува учебата година… тоа се месеци кога помошта на овие луѓе им е најпотребна.
Општина Прилеп редовно остварува средби и активно учествува во подобрување на условите за престој и во Дневниот центар за децата со посебни потреби „Sуница“, здружението на лица со телесeн инвалидитет „Мобилност“, Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, посета на здружението на глуви лица, посета на здружението на слепи лица, здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа и здружението на лица со „Епилепсија“, каде донира потребни материјали за основно работење, канцелариски материјали, канцелариски простор, посочи во своето обраќање градоначалникот Марјан Ристески.
Прилеп продолжува да биде една од најхуманите општини