Општината Прилеп ќе субвенционира до 3000 денари за нови велосипеди

Прилеп е град во кој изминативе години велосипедот станува атрактивно превозно средство, а причина за тоа се многубројните организирани спортски настани на возење велосипеди.

Особено во подем е планинскиот велосипедизам. Денеска по четврт пат беше организирана познатата “Тура преку Слива”, настан кој претставува возење велосипед до планинскиот превој Слива во мариовскиот предел.

Пореди големиот интерес за возење велосипед и се поголемиот број на заинтересирани велосипедисти за овие спортски настани, во програмата на кандидатот за градончаланик на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп се наоѓа проект за субвенционирање на цената за купување на нов велоспиед.

Проектот кој се наоѓа во програмата на Марјан Ристески за Прилеп предвидува субвенционирање на  30 % од цената за купување  нов велосипед, но најмногу до 3000 денари  за секој полнолетен жител на општина Прилеп што ќе купи велосипед од денот на започнување на акцијата.

Ова е еден доста атрактивен проект со кој индиректно ќе се влијае на развивањето на свеста кај граѓаните за заштита на животната средина и намалување на загадувањето во воздухот.

 

Александар Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.