Око за око, заб за заб.”КОМИТИТЕ” бесни!?

Денешниот немил настап во центарот на Скопје во кој со нож беше прободено 16-годишно момче донесе реакција од навивачката група „Комити“, која настраданиот го идентификува како свој член поради што побара МВР и одговорните да ги најдат виновниците, пренесува порталот Курир.

Според фановите на Вардар, причина за трагедијата бил фактот што повреденото момче навивало за друг клуб во однос на напаѓачите, кои, според „Комити“, биле членови на навивачката група „Шверцери“. Според нив, 16-годишниот навивач е во болница каде што му се извршени неколку операции и се наоѓа во тешка состојба.

Истовремено, тие најавуваат дека ќе заборават на сите навивачки правила и кодекси против тие што играат на валкан начин и дека ќе почнат да го применуваат принципот „око за око-заб за заб“.

Соопштението на „Комити“ може да го прочитате на нивната страница на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.