Населбата “Кузман” доби ново место за одмор и рекреација. Синоќа на задоволство на граѓаните на оваа населба и голем број деца, беше отворен парк со детско игралиште, а истиот е направен на барање на граѓаните од оваа населба.
Ова е уште еден од многуте маалски паркови кои изминатите години се изградија во Прилеп и населените места, а средствата за негова изградба се на општина Прилеп и јавното комунално претпријатие “Комуналец”.
Градоначалникот Марјан Ристески им порача на граѓаните да го чуваат паркот и да се грижат да го имаат многу години. Исто така напомена дека оваа населба беше целосно запоставена, а денес изградена е комунална и водоводна инфраструктура, осветлување и асфалтирани се улиците.
А/Г/