Од руина прерасна во модерно училиште, а денес доби и своја химна – ОУ “Климент Охридски” (ВИДЕО)

Основното училиште “Климент Охридски” Прилеп е образовна институција со која денес градот се гордее. Од училиште со уништена фасада, уништени санитарни јазли, руиниран двор, столарија, сивило, прерасна во модерно училиште кое денес го краси центарот на градот.

На стартот од школската година се пушти во употреба и новоасфалтираното мултинаменско игралиште, кое на училиштето му даде изглед налик на европските колеџи.

[Best_Wordpress_Gallery id=”554″ gal_title=”9889″]

Новоуредениот двор, пристапните патеки, реконструираната спортска сала, обновените ходници, новата фасада, внатрешна и надворешна столарија и нови санитарни јазли, направија од ова училиште место пријатно за учење и одвивање на настава.

Денеска беше објавена и химната на училиштето. Се работи за прекрасна мелодија, која недостигаше за сликата да биде целосна.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.