Од денес може да се доставуваат предлози за општинските награди и признанија „3 Ноември”

По повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп – „3 Ноември“, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, како секоја година така и оваа година доделува општински награди и признанија „3 Ноември”  како и награда за животно дело.

Овие признанија и награди се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот.

Предлог за доделување награди и признанија можат да дадат претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти.

Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување празници и манифестации  и доделување награди и признанија при Советот на Општина Прилеп  од 22.09.2017 до 13.10.2017 година, а по истите ќе одлучува новоформираната Комисија за одбележување празници и манифестации  и доделување награди и признанија при Советот на Општина Прилеп.

Предлозите треба да бидат образложени, аргументирани и да ги задоволуваат критериумите за посебни достигнувања во Општината во соодветната област, за периодот од 3 Ноември 2016 година до денес, односно за животно дело на кандидатот, кој подолг период впечатливо е присутен со значајни остварувања во својата област.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.