Од денеска со македонски пасош без виза ќе може да се патува во оваа земја

makedonski-pasos-134368

Катар објави дека ги укинува визите за државјаните на 80 земји со цел развој на туризмот и авиосообраќајот, а одлуката влегува во сила веднаш.

Од денеска граѓаните на 33 држави ќе може да останат во Катар 180 дена без виза, а од другите 47 држави ќе може да останат во земјата 30 дена.

На листата со држави се Велика Британија, САД, Канада, Индија, Јужна Африка, Сејшели, Австралија и Нов Зеланд, но и Македонија.

На списокот се и земји-членки на шенген-просторот, како и други западни, латинo-американски и азиски држави.

Либан е единствената арапска држава што се наоѓа во Заливот, а ја има на списокот.

На странците за влез во земјите од Персискиот Залив најчесто им е неопходна виза, која се издава под строги критериуми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.