Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред парламентарните избори во 2016 година токму од Прилеп каде речиси и да не живеат етнички Албанци, од под Градскиот часовник, ја најави двојазичноста која вчера беше изгласана во македонското Собрание.
Тој тогаш одговарајќи на новинарско прашање рече дека во Прилеп треба да им се дозволи на граѓаните Албанци на албански јазик да комуницираат со локалната самоуправа, односно да можат на албански јазик да поднесуваат разни барања до општините, што е практично воведување на двојазичност во општина.