Овие 4 знаци се вистински љубовници! Сепак, само еден е апсолутен победник!

Само еден од знаците во зодијакот е целосен победник во оваа категорија

Астрологија може да ви открие се’ за партнерот, неговите особини, но и сексуалната енергија.

Така можете однапред да знаете како ќе се чувствувате во неговата близина, како и тоа што се’ можете да очекувате.

Иако следните знаци се одликуваат со високо либидо и ја заслужуваат “титулата “најдобар љубовник”, само еден од нив е апсолутен победник.

ОВЕН

Огнениот Овен брзо и без одлагање ќе ја покаже својата сексуална енергија, и апсолутно нема да му биде грижа каков впечаток остава. Токму поради оваа самодоверба и ретка енергија се сметаат за едни од најдобрите љубовници меѓу хороскопските знаци. Обожава да експериментира и одлично ја познава анатомијата на својот партнер, како и главните ерогени зони. Сите пози му се омилени.

Vodolija

ВОДОЛИЈА

Ако познавате некоја водолија, тогаш сигурно сте се сретнале со нејзината интелектуална ароганција, која може да ве одбие или магнетски да ве привлече. Како во животот, Водолиите се ексцентрични и на љубовниот план. Овој знак има специфичен вкус кога е во прашање изборот на партнер, па некогаш ниту самите не се сигурни што ги привлекло.

РИБИ

Рибите се сметаат за многу нежни љубовници на кои во потполност можете да им верувате. Тие не се склони кон неверства, а никогаш нема да го запостават семејството, бидејќи тоа премногу им значи. Мажите во овој знак се опишуваат како многу посакувани партнери за секс, а особено се добри во тоа кога искрено ќе засакаат некој.

 

ШКОРПИЈА

Сепак, апсолутен победник е Шкорпијата. Овој знак е синоним за сексуалност, еротика и сите манифестации на телесна љубов, а познато е дека уште античката астрологија им ја дала почесната титула – најдобар љубовник. Сепак, ретки се мажите во знакот Шкорпија кои своите емоции ќе ги насочат само кон една жена. Затоа внимателно!

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.