Овие ритуали за новогодишната ноќ привлекуваат пари како магнет!

Дали би сакале Новата година да биде продуктивна за вас, а посебно на финансиско поле?

Први јануари се ближи. Кој не би сакал „да се бања во пари“ и тоа што побрзо. За среќа новогодишната ноќ е блиску, а токму таа има неверојатна моќ и силна енергија која може радикално да ви го промени животот. Дали би сакале Новата година да биде продуктивна за вас, а посебно на финансиско поле?

Овие ритуали ќе ви помогнат да привлечете пари во претстојната година

Ташничка за собирање пари

Подгответе жолта, црвена или златна ташна. Ставете внатре 12 жолти парички и закачете ја на елката. Таков едноставен ритуал ќе ви помогне да останете финансиски успешни во текот на претстојните 12 месеци.

Две комбинации за облекување

Ако имате можност, погрижете се во новогодишната ноќ да имате две комбинации за облекување. Во едната треба да ја поминете минатата година, периодот до полноќ, а во другата ќе ја запознаете Новата година. Овој ритуал ќе придонесе за успех на сите полиња.

Пари

Овој духовит ритуал многу брзо може да ја привлече потребната количина на пари во вашиот дом. Во очи Нова година, нацртајте со маркер на ѓонот на чевлата количина на пари која би сакале да ја примите во блиска иднина. Парите буквално ќе ви дошетаат.

Бањање со пари

Во очи Нова година, кога се бањате, додајте неколку парички во кадата замислувајќи како добивате голема количина на готовина. Ако овој ритуал е проследен со ароматерапија, резултатите ќе ве задоволат многу побрзо од очекуваното.

Играчка на божиќната елка

Во новогодишната ноќ запишете ја желбата за пари на хартија (препорачливо е со црвено пенкало). Ставете ја хартијата во било која играчка од елката. Листот со желбата треба да остане во играчката до следната година. Така цела година ќе ве следи финансиски успех.

Свечена маса

За време на подготвката на свечената маса, под прекривката во средина на масата ставете нешто златно. Тоа треба да остане на масата до крај на празниците, а после тоа треба да го ставите во ташна и секогаш да го носите како амајлија.

Елката да биде на југоисток

Според Фенг шуи познато е дека југоисточната страна има поволен ефект на финанскиот раст.

Магнет за пари

Да привлекувате пари како магнет, во пресрет на Нова година, ставете магнет на елката, под или близу неа. Може да биде обичен магнет или магнет од фрижидер на кој е прикажана пара.

Година на песот

Купете куче или играчка или синџирче за водење куче и ставете ги под алката. Така парите цела година ќе бидат во вашите раце.

Подарете си нешто

Во првата недела од јануари, задолжително разгалете се со нешто убаво. Тоа може да биде купување на нешто за што долго сте сонувале, или пак заминување на некое убаво место.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.