Според законските одредби граѓаните на почетокот на јануари за време на новогодишните и божиќните празници ќе одморат на први јануари овој понеделник, односно на ден по новогодишната прослава, како и следниот понеделник на осми јануари за време на вториот ден на Божиќ.
За православните верници и сите кои слават Божиќ според Јулијанскиот календар, неработен ден ќе биде и шести јануари во сабота кога се празнува Бадник. Бидејќи недела на Божиќ е секако неработен ден, граѓаните ќе може следниот ден како што веќе кажавме да го искористат слободниот ден.