Ова слатко девојче од сирискиот град Алепо стана највлијателната личност на Интернет (ФОТО+ВИДЕО)

DDQflunUwAArAjC

 

Магазинот “Тајм” го прогласи 8-годишното девојче од Сирија Бана Алабед, за една од највлијателните личности на Интернет. Таа со своите објави на Твитер од окупираниот град Алепо го привлече вниманието на целиот свет.

Со помош на нејзината мајка Фатиме, Бана објавувала фотографии и видео снимки од Алепо и така го привлекла вниманието на огромен број корисници на оваа социјална мрежа.

Изјавите како што се: “Не можам да си одам, затоа што не бомбардираат. Ве молам, престанете да го правите тоа”, или “Алепо е навистина убав град, но ни треба мир. Сакам да живеам како секое друго дете, наместо секој ден да бидам под стрес”, го привлекоа вниманието на околу 365.000 луѓе кои го следат нејзиниот профил на Твитер од септември минатата година.

Семејството Алабед е евакуирано во декември минатата година, а претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган ги дочека во својата претседателска палата во Анкара.

Capture-3-900x555

Бана има и двајца брата Нура и Мухамед Лаита.

Девојката на Твитер исто така ги повикувала сирискиот и рускиот лидер Башар ал Асад и Владимир Путин да престанат со бомбардирањето.

Напишала дека стравува за својот живот и за животот на своите браќа.

Бана оваа есен ќе ги објави и своите мемоари под името “Драг свету”, во кои ќе ги опише своите искуства во Сирија и навикнувањето на новиот живот во Турција. Во тоа ќе и помогне нејзината мајка, кој е инаку професор по англиски јазик.

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.