Централниот митинг на СДСМ во Скопје ќе има очајна посетеност од Прилеп. Неколку автобуси и комбиња, полупразни и опремени со сендвичи и флаширана вода, се упатија кон главниот град.
Повеќе од половина од паркираните автобуси бо центарот на Прилеп останаа во градот.
На неисполнетите ветувања за повисоки субвенции, плати и пензии, на уништувањето на економијата на државата и најавата за двојазичност во нивниот град, прилепчани одговорија со бојкот на СДСМ.
Голем минус е и несериозноста на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ за Прилеп, Илија Јованоски, кој секојдневно се бламира со небулозни изјави кои произлегуваат од немањето на програма и визија за Прилеп.