ОХРИЃАНИ ПРЕПЛАШЕНИ! Еве колку навистина беше драматична состојбата (ВИДЕО)

Целото шеталиште и крајбрежје беше поплавено во Охрид, откако ветерот кој достигнуваше брзина и од над 90км/час буквално го крена Охридското Езеро.

Крајбрежните кафулиња и објекти претрпеа значителна штета, а ветерот туркаше и дрвја на повеќе локации низ градот.

За справување со последиците, заседаваше Кризниот штаб на општина Охрид, на кој беа договорени конкретните активности на надлежните служби и нивна координација.

Како што информираат од општината, нивото на Охридското Езеро е 693,78 метри, а тоа е 3 сантиметри над дозволената кота од 693,75 метри.

„Кризниот штаб е во постојана комуникација со АД ЕЛЕМ, од каде велат дека кај Дрим се испуштаат по 20 метри кубни во секунда. Екипите на јавните претпријатија цел ден беа на терен и расчисуваа, а противпожарната единица имаше осум интервенции на паднати оџаци. Најголеми оштетувања има на крајбрежните објекти на потегот од Канео до градскиот плоштад“, информираат од општина Охрид.

Оттаму додаваат, дека денеска од 07 часот ќе се продолжи со чистење.

„Ќе бидат ангажирани сите јавни претпријатија со потребни работници кои ќе бидат подготвени со алат и механизација за санирање на штетите. Правните и физичките лице кои се оштетени од невремето од понеделник ќе можат да поднесат барање за обештетување. Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди по пријава ќе излезе на терен“, се наведува во соопштението.

Од Кризниот штаб апелираат граѓаните да ги тргнат автомобилите и да се регулира сообраќајот во стариот дел на Охрид за да може механизацијата непречено да работи на расчистување.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.