Општина Прилеп во соработка со ОУ „Климент Охридски“, за потребите на децата со аутизам кои ја следат наставата во ова училиште, опреми посебна сензорна соба. Специфичната опрема и реквизити кои се инсталирани во сензорната соба, стручниот тим на дефектолози од училиштето кој ќе работи со овие деца во сензорната соба, ќе придонесат за поефикасно следење на наставата.
Според Ивана Дамјаноска Димческа која работи во ОУ „Климент Охридски“ како дефектолог посочи дека сите овие помагала кои се наместени во сензорната соба ќе им помогнат и на децата со аутизам и на останатите деца.
“За прв пат општина Прилеп и ние како училиште, добивме сензорна соба. Се надевам дека оваа соба ќе има мошне голема улога во стимулацијата на сетилата кај децата со аутизам, за кои немањето на ваков простор претставуваше вистински проблем”, посочи директорот на училиштето Ахил Јаков.
Според градоначалникот Марјан Ристески отварањето на оваа сензорна соба навистина ќе им помогне за правилниот развој и едукацијата на овие дечиња. Вкупната инвестиција изнесува 400.000 денари, од кои 300.000 денари се издвоени од Буџетот на локалната самоуправа, а останатите 100.000 се донации. Голема благодарност до гимназијата „Мирче Ацев“ кои парите собрани од „Гим Фест“, 60.000 денари ги донираа за оваа соба“, посочи градоначалникот Марјан Ристески во својата изјава.
ЛС во ОУ „Климент Охридски“, досега има реализирано повеќе од 200 илјади евра за негова реконструкција и тука нема да застанеме дополни во својата изјава градоначалникот Марјан Ристески.
Собата се состои од: Спејс проектор, фибер влакна, платформа за седење и душек, базент со топчиња, пилатас топки, посебен сад со водени ефекти и меури, извор на лед кои ќе послужат за развивање на сетилата кај децата.