ОТКРИЕН ТАЕН ДОКУМЕНТ НА ЦИА: Југославија имала капацитет да направи атомска бомба

Тајната научна студија на ЦИА од декември 1975 година тврдела дека поранешна Југославија ги имала сите потребни капацитети и залихи од сопствени извори  да направи атомска бомба, вели професорот Филип Ковачевиќ, кој имал ретка можност да ги има на увид тајните документи на ЦИА.

Ковачевиќ, кој бил гостин предавач на Универзитетот во Сан Францискои чие примарно поле на истражување се разузнавачките служби, до новите материјали дошол откако во февруари 2016 година се обратил на ЦИА со барање да ги види докуметите поврзани со југословенска атомска програма.

“По повеќе од година и половина, во октомври 2017 година, добив документи на вкупно 84 страници. Документите опфаќаат период од 30 години, од 1957 до 1986 година. Документите беа од различен формат, од кратки извештаи до научни студии и сите имаа ознака “строго доверливо”. Неколку генерации на аналитичари на ЦИА се занимавале со оваа тема. Документите на некои места беа редактирани за да ги сокријат изворите на информации. Но има уште документи кои ги немам добиено”, вели Ковачевиќ.

Во документите на ЦИА во кои Ковачевиќ имал увид стои дека одма по Втората светска војна Југославија воспоставила соработка со САД на развојот на атомската програма, па започнала да испраќа студенти на специјализација на американските универзитети. Така од 1952 година, Југославија во соработка со научниците од Американското геолошко друштво, извршила истражувања на својата територија и утврдила дека има наоѓалишта на ураниум во Словенија (Идрија) и во Македонија (Злетово).

За повеќе информации прочитајте ОВДЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.