Рамуш Харадинај, поранешниот лидер на ОВК, кој денес седи во фотелјата како претседател на владата во Приштина, никогаш нема да го заборави ќотекот што го доби од еден руски специјалец во мај 2000 година.
Руските војници во близина на селото Мушутиште во близина на Сува Река, запреле возило со вооружени припадници на ОВК, меѓу кои бил и Харадинај.
Русите ги разоружале и им ставиле лисици.
Лидерот на ОВК се бунел и рекол дека е џудист и дека би им покажал каде им е местото доколку не е врзан.
Русинот наредил да го пуштат Харадинај, ја оставил пушката и започнала борба, еден на еден.
Борбата била кратка, бидејќи Рамуш “јадел ќотек”, а Русите кои тогаш не знаеле кој е Харадинај, ги предале уапсените на Уминк.
За овој инцидент известија “AFP” и германски “Шпигл”, кои тогаш објавија дека “поранешниот командос” од ОВК е повреден со судир со руските војници од составот на КФОР.