Унгарскиот магазин “Фигјело” денес објави имиња на повеќе од 200 луѓе кои тврди дека биле дел од група која унгарскиот премиер Виктор Орбан ја нарекува “платеници” на американскиот финансиер Џорџ Сорос, со цел да се собори унгарската влада.
На листата објавена од страна на списанието има организации како што се “Амнести интернешнал”, “Транспарентност интернешнл, организации за заштита на бегалците, новинари и факултети финансирани од Сорос.
Меѓу наведените имиња има и починати лица.
Фигјело порано бил високо почитуван бизнис магазин, се додека не потпадна под контрола на Орбан во декември 2016 година, според новинската агенција АП.
Орбан во неделата по четврти пат беше избран за претседател на Унгарија, пред неколку недели, обраќајќи се неговите поддржувачи, рече дека по изборите ќе преземе “морални, политички и законски мерки”, насочени против своите противници.
Извор: “Инфомакс”