ООУ „Кочо Рацин“ второпласирани на КРЕФ 2017

Изминатиов викенд во Лесковац, Р.Србија, финализираше Меѓународниот фестивал за креативни едукативни филмови КРЕФ 2017. Фестивалот ги анимира наставниците од одделенска и предметна настава од основните училишта на бившите ЈУ простори и пошироко, за репрезентативно претставување на едукативните активности во училницата, училиштето и користењето на информатичките алатки преку игра во наставата. Натпреварувачките категории ги опфаќаат вештините на наставникот преку Либдуб промоција на училишната клима,  еду видео (наставен час) и преку комјутерската игра MINEKRAFT идеја за убанистичко уредување на дел од локална средина. Дека учењето може да биде забавно, креативно, необично покажаа видеозаписите кои упатуваат дека наставниците упорно ја бараат и често ја пронаоѓаат вистинската стимулација ефективно на различен начин да се дојде до посакуваната цел.

Во голема конкуренција на едукативните филмови за наставен час, второто место на КРЕФ 2017, го освои еду филмот „Не лути се човече“ на II a одделение од ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп чиј автор е наставничката Наташа Мирческа. Видеозаписот од 4 минути е дел од совладувањето на математичките вешини во прво одделение, собирање и одземање, преку омилента истоимена игра. Интересен е фактот што овој еду филм од страна на просветните работници на земјите, учеснички на фестивалот е прогласен за најдобар.

Ова е наградениот еду филм:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.