ОЛИВЕР ИВАНОВИЧ ЈА ПРЕТСКАЖА СОПСТВЕНАТА СМРТ: “Ми се закануваа, ми го запалија автомобилот, а потоа… “(Видео)

Што се не ми направија, само уште што не пукаа на мене, но кој знае, ни тоа не е исклучено.

Така говореше Оливер Иванович, коментирајќи го палењето на неговиот автомобил во јули минатата година.

Само неколку месеци пред да биде убиен пред својата канцеларија во Косовска Митровица, лидерот на Граѓанската иницијатива “Србија, демократија, правда”, како да знаеше за неговата трагична судбина.

Тој тогаш изјави дека не верува во такво сценарио, бидејќи тоа би било погрешно.

– Не верувам во такво сценарио и мислам дека ова (палењето на автомобилот) беше намера да се исплашат луѓето околу мене и во извесна мера тие ја постигнаа целта – изјави Иванович на неговото гостување на ТВ Н1.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.