ОД СИРОМАШНА ДРЖАВА ДО ЕКОНОМСКА СИЛА: Еве како оваа европска држава стана една од најбогатите

Ирска низ својата историја се соочувала со големи економски проблеми, иселување и сиромаштија, но во втората половина од дваесеттиот век во државата биле спроведени реформи кои ги поставиле темелите на модерната и динамична економија.

ВО 50-тите години во на минатиот век речиси половина од населението на Ирска живеело од пољоделство. Ирска била една од најсиромашните држави во Европа, а главен извозен производ и биле луѓето, кои во потрага на подобар живот постојано се иселувале.

Во средината на 50-тите години, Ирците се одлучиле за либерализација – ги укинале ограничуањата за странските инвеститори, а извозно ориентираните компании ги ослободиле од данок.

Во средината на 60-тите години, Ирска потпишала договор за слободна трговија со Велика Британија, а на почетокот на 70-тите, државата станала членка на ЕУ, што значително го зголемило пазарот.

Веќе од 60-тите години Ирска била атрактивна за 350 странски компании, кои набрзо станале предводници на извозниот сектор. Поволниот даночен третман, големиот европски пазар и работната сила која говори англиски јазик, од Ирска направиле идеална работна дестинација.

Ирската економија, пред наведените реформи, имала просечен раст од 2%, а овој раст дупло се зголемил со либерализацијата.

Меѓутоа, во почетокот на 80-тите години, повторно се појавиле проблеми – владата не се грижела за јавната потрошувачка, па се зголемил јавниот долг, односно за 125 проценти од БДП. Со ова и даноците значително се зголемиле.

Данокот на доход се зголемил на дури 50 проценти, данокот на добивка на 60 проценти, а ништо подобро не поминале ни платите каде стапката се кренала на 65 проценти.

Во оваа многу тешка ситуација за Ирска, во 1987 година, премиерот Чарлс Хоги презел “неблагодарна задача” да спроведе “болни одлуки”, како би ја ставил финансиската криза под контрола, да го намали јавниот долг и да создаде темел за понатамошен развој.

Овие одлуки ги стабилизирале јавните финансии и како што се подобрувала ситуацијата, се намалувале и даноците, па така, данокот од 50 проценти во 1985 година, паднал на 16 проценти во 2001 година.

Рецептот за успешна економија не е секогаш едноставен. Потребно е применување на комбинација на разни политики и искористување на можности.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.