Ништо од ветувањето на СДСМ и Јованоски за 20% пониски сметки за вода за пиење за прилепчани.
Ветувањето кое беше приоритет во нивната “програма” и со кое прелагаа голем број прилепчани, се чини дека било само популизам и ништо повеќе.
Решението за утврдување на тарифи за водни услуги донесено од Регулаторната комисија на Република Македонија за ЈКП Водовод и канализација Прилеп предвидува 30 % поскапа вода за пиење од 01.01.2018 година.
Имено, според решението донесено на седница одржана на 24.11.2017, а објавено на 29.11.2017, за ЈКП Водовод и канализација Прилеп се утврдува просечна тарифа за водната услуга снабдување со вода за пиење или водоснабдување и тоа:
1.За 2018 година во изност од 33,51 ден./м3,
2.За 2019 година во износ од 34,24 ден./м3
3.За 2020 година во износ од 34,65/м3
Во само еден месец од мандатот на новиот градоначалник на Прилеп Илија Јованоски, се демаскираа сите лаги и ветувањата за така наречен “подобар живот за прилепчани”.
Aко со 30 % повисоки сметки за вода за пиење доаѓа животот, тогаш нека ни е наздравје.
Интересно ќе биде да се види како тогаш ќе изгледаат фамозните ветувања за спортски комплекс, затворен базен, гасификација на Прилеп, производство на биогас, двете ветени обиколници……