Вистинска недела за паметење за македонскиот фудбал, откако фудбалерите на Вардар ја испишаа историјата, вчера многу македонски репрезентетивци кои играат во европските лиги воодушевија со своите настапи.
На отварањето на италијанската Серија Б брилијираа и Македонците во Палермо, првиот гол за Палермо оваа сезона го постигна Александар Трајковски, а вториот новиот капитен на италијанскиот тим, Илија Несторовски. Тие двајца покажаа дека сицијалнците на македонски погон ќе одат по враќање во Калчо лигата.
Својот првенец на островот вчера го прослави и репрезентативецот Езџан Алиоски, тој со вистинска бомба против Нотигнем Форест, најави дека ќе биде еден од клучните играчи на Лидс на патот до враќањето во Премиер лигата.
Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски сигурно е презадоволен од формата со која неговите играчи стигнуваат пред мечевите на гости со Израел и на домашен терен во Струмица против Албанија.