Oбјавен е огласот на Агенцијата за вработување со кој се охрабруваат сите млади невработени лица со инвалидност, кои активно бараат работа на пазарот на труд, да аплицираат и да добијат грант, со што би го решиле прашањето околу свое вработување.
Овој грант од програмата за помош при вработување опфаќа:
– Експертска поддршка во форма на обука за претприемништво и водење на бизнис, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите, како и менторска поддршка за водење на бизнис по регистрацијата на фирмата;
– Финансиска и советодавна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали во висина од 270.000 денари;
– Можност да остварат дополнително вработување до две лица и дополнителен грант во форма на опрема и/или материјали во износ од 92.000 денари по лице, односно вкупно за две лица 184.000 денари.
Сите заинтересирани лица можат да аплицираат на ОГЛАСОТ или да се обратат до Агенцијата за вработување на Република Македонија.