Измина првата фестивалска вечер на “Пиво Фест 2017”. На сцената во Прилеп синоќа настапија “Aj Kjу”, “Психомодо Поп” и мега популарните “Aмадеус Бенд”. Она што можеше да се забележи беше одличната организација која и оваа година е одлика на фестивалот на скарата и пивото и многуте присутни туристи од странство кои беа дојдени да ја почувствуваат фестивалската магија.
Загревањето со домашната полуларна група “Ај Кју” и легендарните балкански рокери “Психомодо Поп”, кулминираше кога на сцената застанаа момците од “Aмадеус Бенд”. Добро познатите хитови “Лажу те”, “Моја земја”, “Није свеједно”, “Изнад колена”…., беа надополнети со изведба на неколку македонски песни, како и омилената “Излези момче право на тераса”.
Пред фестивалската сцена потече многу енергија, многу пеење и се испи многу пиво. Во продолжение ви пренесуваме дел од вчерашната атмосфера од концертот на “Aмадеус Бенд” во Прилеп.
А/Г/