ОВА Е КРАЈ ЗА БИТКОИНОТ ? И “Гугл” забранува реклами за криптовалути

Американската компанија “Гугл” од јуни ќе забрани онлајн огласи во кои се промовираат криптовалути или иницијални понуди на криптовалути (ICO).

Од “Гугл” е соопштено дека ќе започнат да ги блокираат огласите за “криптовалути и содржина поврзана со криптовалути”.

Интернет пребарувачот ќе ги ограничи и рекламите за финансиски производи како што се бинарните опции и ризичните деривати.

Сличен потег во јануари презеде и Фејсбук, кога забрани огласи за биткоин.

По оваа најава се очекува енормно намалување на цената на биткоините.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.