ОВА Е АГЕНДАТА: Шампионите пристигнуваат во 11:15 на аеродром- еве каде ќе се движат потоа

Градот Скопје утре на плоштадот „Македонија“ ќе организира пречек на ракометарите на Ракометниот клуб „Вардар“, по освоената титула во Европската лига на шампиони во Келн, Германија.

 

vardar-3-640x294

Ракометарите на РК „Вардар“ се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ утре во 11:15 часот. Оттаму, тие ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал“, па лево кон булеварот Гоце Делчев и кон зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка“.

Оттаму шампионите на РК „Вардар“ ќе се движат лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија“.

Во 13 часот се очекува ракометарите на РК „Вардар“ да пристигнат на плоштадот  „Македонија“, преку Порта „Македонија“.

Ги потсетуваме сите телевизиски и фоторепортерски екипи на обврската да достават барање до аеродромот „Александар Велики“ и граничната полиција за да можат да го снимаат настанот, информираат од Град Скопје.

Дополнително, по повод освојувањето на европската клупска шампионска титула на РК „Вардар“ ЈСП СКОПЈЕ организира бесплатен автобуски превоз за дочек на ракометарите на аеродромот „Александар Велики“.

Термините и локациите на тргнување на автобусите се следни:

  1. Ѓорче Петров

Тргнува од црквата „Свети Петар и Павле“ во 9:30 часот, со застанување на следните локации:

– City Mall,

– Хотел „Карпош“ (наспроти Хотел „Карпош“ кон центар) и

– Македонски Пошти.

  1. Кисела Вода

Тргнува од почетен терминал на линија 24 во 9:30 часот, со застанување на следните локации:

– Општина Кисела Вода,

– Транспортен Центар (Бензинска пумпа Макпетрол) и

– Алкалоид (Автокоманда).

  1. Аеродром

Тргнува од ТЦ „Скопјанка“ (пред Тобако 2) во 9:30 часот, со застанување на следните локации:

– Т.Ц. Бисер,

– Пошта (Ново Лисиче),

– ФФМ (Ново Лисиче) и

– Слаткарница „Шарлота“ (автопат на излез од Маџари).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.