Обзнанети повеќе од 11.000 приватни твитер пораки на основачот на “Викиликс” Џулијан Асанж и неговите соработници.
Разговорот се појави во јавност благодарение на поранешна волонтерка во “Викиликс” позната под името Хазелпрес.
Во една од пораките од ноември 2015 се наведува дека “многу е подобро републиканците да победат”, а за Хилари се наведува дека е “паметна, добро поврзана и дека е садистички социопат”, наведува “Бизнис инсајдер”. Истиот ден во една од пораките е наведено дека нејзината улога во војната во Либија би требало да ја доведе до пропаст. Во можеби најстрашната порака од 2016 година се наведува дека “Хилари ќе доживее мозочен удар”.
Во пораките станува збор и за Русија.
– Има независна надворешна политика и нејзината продажба на оружје е една од работите која ја држи во живот. Русија е апсолутно исплашена. Калинград, Крим и нивната единствена поморска база во Сирија се под закана.