Нов хорор во здравството: Почина уште едно бебе!

6-месечно бебе утрово почина на Детската клиника во Скопје.

 

detska-klinika-640x427

Како што дознава Курир, малата Мицевска чии родители се од село Негорци, била сместена на Интензивна нега, каде за жал го загубила својот живот.

За оваа трагедија побаравме одговор од новата директорка на Клиниката, Катерина Ставриќ, која кусо ни одговори дека „Министерството за здравство ќе излезе со официјално соопштение“.

Не престануваат трагедиите низ македонските клиники. Овој смртен случај е седми за само 10 дена.

Четири новороденчиња, 7-месечно бебе, две ипол годишно дете и ова 6-месечно бебе починаа за многу кус период. Министерот за здравство Арбен Таравари наместо да превземе одговорност, се потсмева на социјалните мрежи, терајќи политика за повеќе “лајкови“ преку морбидни коментари и споредби.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.