Нов триумф за победашите: ОГРОМНИ ТРИ БОДА СРЕДЕ ЧАИР

sdadsa

Во 32-то коло од македонската Прва фудбалска лига Победа триумфираше на гостински терен кај Шкупи во скопски Чаир со 1:2.

Шкупи поведе со голот на Мбела во 5-тата минута, но прилепчани преку Гешоски во 42-та и Цветаноски во 58-та стигнаа до целосен пресврт и огромни три бода.

Со овој триумф Победа се доближи на минус еден бод од чаирчани и ги зголеми шансите за сигурен опстанок во лигата и избегнување на осмата позиција на табелата која значи разигрување во баражот против третопласираниот од Втората лига.

До крајот на сезоната Победа ја очекуваат уште четири натпревари, против фенерџиите на табелата Брегалница и Македонија Ѓорче Петров , против Работнички на гости и против Ренова на домашен терен во последното коло.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.