Поранешниот модел на Плејбој, Карен Мекдугал, тврди дека имала афера со американскот претседател Доналд Трамп.
Во документ од осум рачно напишани страници Карeн Мекдугал ја објаснува својата наводна врска. Оваа афера според изјавите на Карен траела 9 месеци од јуни 2006 до април 2007, период кога Трам веќе е две години во брак со првата дама Меланија Кнаус.
Моделот документот го предала на The New Yorker преку својот пријател, а приказната е објавена во петокот. Документот опишува како Трамп, наводно, ја вршел својата афера со Мекдугал, плаќајки и’ за вечери во приватен бунгалов во хотелот Беверли Хилс, нудејќи и пари и патувања.
Портпаролот на Белата куќа ја негираше аферата во изјавата за магазинот.
“Ова е стара приказна која е само уште една лажна вест. Претседателот тврди дека никогаш немал врска со Мекдугал”, рече портпаролот.
Мекдугал за The New Yorker изјавила дека жали за потпишувањето на тој договор.
По завршувањето на аферата, Мекдугал потпишала договор со издавачот National Enquirer со кој им доделила право тие да ги објават сите информации кои таа им ги споделила.Тие имале ексклузивна сопственост на нејзината сторија за 150.000 долари.
Сепак, компанијата управувана од Дејвид Пекер, пријател на Трамп, никогаш не ја објавил нејзината приказна и според The New Yorker, наместо тоа, Дејвид ја купил само за да ја прикрие веста.
Според National Enquirer информациите кои тие ги поседувале биле неверодостојни.
Објавувањето на приказната доаѓа откако личниот адвокат на претседателот на САД Доналд Трамп, Мајкл Коен изјави дека платил 130.000 долари од „свој џеб“ на порно актерката Стефани Клифорд. Клифорд изјави дека имала сексуални односи со Трамп во јули 2006 година по еден турнир во голф, иако Коен изјави дека Трамп “жестоко ја негира” секоја средба помеѓу нив.