Училиштето Св. “Кирил и Методиј” од населеното место Канатларци во прилепско доби нов асфалтиран пат до училиштето, на големо задоволство на вработените во училиштето, но и на жителите, кои до сега газеа во прашина кога ги носеа децата до училиштето.
Истовремено во училишниот двор започна да се гради новиот парк, кој децата го очекуваат со нетрпение.
Ова училиште е главната алка за соживотот во мултинационалната средина, каква што е населеното место Канатларци.
Тука најмладите се градат како личности кои ги почитуваат различностите и се почитуваат меѓу себе.
Најзаслужни за тоа се секако директорот на училиштето Влатко Кузманоски, кој е двигател на сите процеси, но и наставниот кадар и персонал, кои одлично си ја знаат работата.