Нови термо фасади, игралишта, паркови, уредување на дворни места: Здраво образование за здрави млади луѓе – Прилеп не застанува!

Сите се сеќаваме на грдата слика од училишните згради во Прилеп, на руинираните спортски игралишта, раскопаните дворови, уништената столарија и најлошо, на немањето хигиена во санитарните јазли, кои често беа причина на појава на епидемии.

Taa слика одамна е променета. Во изминатите 12 години вложени се повеќе од 10 милиони евра во образованието во општината, па денес училиштата во градот и населените места се образовни институции за секоја почит. Училиштата добија лик на модерни образовни установи кои ги поседуваат сите услови за работа и одвивање настава.

Во програмата од новата ера за Прилеп, предвидени се голем број на проекти со кои дополнително ќе се издига образовниот процес во градот.

Речиси сите училишта ќе добијат нова термо изолациона фасада со што истите ќе станат енергетски ефикасни и ќе се заштедува големо количество на енергија.

Партерно ќе се доуредуваат дворовите во училиштата “Ѓорче Петров”, “Блаже Конески”, “Добре Јованоски”, “Орде Чопела”, “Ристе Ристески-Ричко”, гимназијата “Мирче Ацев”, како и подрачните училишта во населените места Старо Лагово и Селце.

Во училиштата “Рампо Левката” и “Орде Чопела” предвидена е набавка на нови парни котли, а во ОУ “Круме Волнароски” во населеното место Тополчани и ОУ “Страшо Пинџур” во Мало Коњари ќе се постави ново централно греење.

ОУ “Кирил и Методиј” во населеното место Канатларци ќе добие препокривање на училишната зграда и ново повеќенаменско игралиште.

Големи инвестиции се предвидени и за гимназијата “Mирче Ацев”, каде ќе никне ново фудбалско игралиште со вештачка трева, ќе се промени преостанатиот дел од надворешната столарија и ќе се изврши целосно препокривање на објектот.

За неколку недели ќе биде доизградени и подрачно училиште на ООУ „Рампо Левката“ за ученици до петто одделение. Со отворањето на ова подрачно училиште, децата од населбите Жабино Маало и Сточен Пазар ќе може да посетуваат настава блиску до своите домови.

Во програмата на Марјан Ристески предвидено е отврарање и на мултифункционална читална преку која ќе се помага процесот на студирање и истата ќе биде опремена со компјутери и со книги од проектот ,,Превод на 1000 стручни и научни книги од кои се учи на најдобрите универзитети во светот”.

Прилеп ќе остане единствена општина во Македонија која и понатаму ќе продолжи со наградување на талентираните ученици и студенти. Општината ќе доделува стипендии за најдобрите 5 студенти и еднократен паричен надоместок за талентирани ученици кои постигнале врвни резултати на државни и меѓународни натпревари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.