Нови плоштади во Точила, кај участокот и Канатларци, нови паркови во Вишне, Гоце Делчев и Бончејца (ФОТО)

Прилеп дополнително ќе се разубавува со нови содржини, нови паркови, плоштади, нови места кои граѓаните ќе се дружат, ќе стекнуваат нови пријателства и ќе поминуваат дел од своето време.

Во изборната програма од новата ера за Прилеп на Марјан Ристески се наоѓаат голем број проекти од комуналното уредување. Од нив издвојуваме:

Новиот урбан лик на населбата “Точила” ќе биде заокружен со доизградбата на плоштадот пред новоизградената црква Св. Петка и паркот во делот Точила 3. Со тоа оваа населба во која живее речиси една третина од населението во градот целосно ќе се доуреди.

Плоштад црква Св. Петка

Нови плоштади со зелени површини и хортикултурно уредување со модерна урбана опрема ќе никнат и кај црквата Св. Благовештение, во населеното место Канатларци, како и на просторот под Участокот во центарот на градот.

Плоштад црква Св. Благовештение

Плоштад Канатларци

Прилеп ќе добие и нови паркови и тоа: парк на просторот помеѓу зградите во населбата Бончејца, парк во касарната “Мирче Ацев”, како и нов парк во населбата Вишне во близина на градинката Аличаир.

Во програмата од новата ера за Прилеп предвидено е и уредување на просторот помеѓу зградите на улицата “Петта прилепска бригада” и нов модерен парк во дворот на ООУ “Гоце Делчев”.

Парк ООУ “Гоце Делчев”

Предвидено е дополнително  уредување и на “Паркот на револуцијата”, каде ќе се направи парк за миленици, ќе се изгради град на дрва и мини голф игралиште.


Ќе се продолжи со изградбата на потпорни ѕидови со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и сообраќајот. Вакви ѕидови ќе се градат на улиците: ул. „Прохор Пчински“, „Благоја Крстески” oколу ООУ„Блаже Конески“-Варош, Околу црква„СВ.Атанасие”-Варош и ул.„Преспанска”.

Со 30 милиони денари ќе се градат и нови кејски ѕидови по горниот и долниот тек на градската река и по текот на Дабнички канал.

Предвидено е и продолжување на проектот за енергетска ефикасност преку вградување на енергетски ефикасни светилки од поновите генерации. Во периодот кој што следи ќе се отпочне со постепена замена на флуоросцентните светилки со нови со лед технологија, при што ќе се направи дополнителна заштеда од 30%.

Ова е мал дел од наведените проекти кои дополнително треба да го разубават Прилеп и да го направат пример за тоа како се работи и раководи со една општина.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.