Нови инвестиции во основното музичко училиште во Прилеп

DSC00838

Интензивно се работи на повеќе инфраструктурни зафати во ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ во Прилеп. Се реконструира задниот дел од фасадата на училиштето, која треба да биде енергетски ефикасна, се реконструираат исто така дел од училниците, а се уредува и дворот во училиштето.

DSC00858

„Ова е еден од последните проекти за комплетна реконструкција на училиштето. Ова училиште небеше реконструирано од далечната 1923 година, значи скоро цел еден век. За 10-тина години музичкото училиште има ново руво и ова е комплетна реконструкција од самиот темел на оваа установа. Понатаму ќе се инвестира во обновување на дел од инструментите и инвентарот во училиштето“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

m_9

m_10

m_7

Оваа најнова инвестиција изнесува околу 600.000 денари.

„Од 2005 година па се до денес во нашето училиште се вложени околу 7 милиони денари, од кои само во последните 2 години се вложени над 5 милиони денари. Голема благодарност до локалната самоуправа, Советот на Општината и секако градоначалникот Марјан Ристески кои ни даваат безрезервна поддршка за реализирање на сите овие проекти. Нашето училиште доста успешно се претставува на државни и меѓународни натпревари и минатата година нашите ученици и ментори освоија над 70 државни и меѓународни награди. А се надевам дека во иднина со подобрување на условите за работа ќе остваруваме уште поголеми резултати“, кажа Игор Николоски, директор на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ Прилеп.

DSC00849




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.