Новиот тренд ги освои жените – ова е хит за летово

133768929iliuliu

Најновиот тренд „океанска коса“ станува се попопуларен и ги освои жените. Фризерите ги користат сите бои на океанот, со цел да постигнат совршена комбинација од сини нијанси на косите од своите клиенти.

„Океанската коса“ изгледа импресивно. Стилистите и експертите за коса користат различни тонови на сина боја – кобалтни, тиркизни, а понекогаш и зелена поради постигнување длабочина и димензии кои потсетуваат на морските бранови.

Со такви разновидни бои, процесот на фарбање воопшто не е едноставен. Фризерот Британи Холанд од Калифорнија тврди дека процесот на фарбање трае околу четири часа.

Според друга фризерка Касеи О’Хара од Роквил, најголемата предност на „океанската коса“ е што трае многу подолго од другите разнобојни нијанси. Таа советува дека жените со „океанска коса“ треба да избегнуваат да ја мијат косата со многу топла вода, бидејќи на тој начин паѓа бојата.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.