Новиот советник на Трамп за национална безбедност жесток противник на Косово – Еве што може да се промени!

Американскиот претседател Доналд Трамп за нов советник за национална безбедност го постави Џон Болтон.

Токму овој човек може да значи дека политиката на САД, особено кон Балканот се променува.

Болтон во 2007 година рекол дека политиката на САД кон Косово е “погрешна” и дека “САД ќе погрешат ако ја признаат независноста на Косово”.

2008 година истиот човек изјавил дека “независноста на Косово ќе биде опасност за стабилноста на Балканот”, како и тоа дека “позицијата на САД и Европа по прашањето со Косово ги компромитирала преговорите помеѓу Белград и Приштина” и дека “Русија во таа смисла треба да одигра поголема улога”.

Во 2009 година Болтон рекол дека “прашањето со Косово сеуште не е завршено”. Во 2010 година изјавил дека пресудата на Меѓународниот суд за правда за Косово не ставила на ништо печат, ниту ја разјаснила ситуацијата на Балканот.

Последните години повеќе пати ја повторил својата резерва кон идејата за независно Косово.

Анализата на изјавите на новиот советник за национална безбедност ја направи телевизискиот водител и продуцент Борис Малагурски, кој на крајот додава дека “Остатоците од кадарот на Клинтонови во Стејт Департментот знаат дека времето не им иде во прилог. Геополитичката ситуација се променува и затоа им се брза да извршат притисок кон Србија да го признае Косово”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.