Новиот независен советник во Влада едно време говореше пред луѓе и викаше дека тоа не го правел за функција и политика?!

Untitled

Владата на СДСМ започна масовно да  ангажира “експерти” и советници во новата Влада. Македонија за еден месец доби еден куп специјалисти за односи со јавност, надворешни и внатрешни советници.

Пред два дена Курир објави дека во владата се вработени дури 50 луѓе.

Новата влада направи хокеарка измена, невладиниот сектор и новинарите од телевизиите ги направи владини послушници и ги вработи на работни места со дебели плати.

Еден од нив е комичарот од порано популарните К-15, Бубо Каров или Цацко Конопишки, кој на министерот без ресор во новата влада, Роберт Поповски, ќе му биде надворешен советник.

Човекот кој пред две години во неколку наврати говореше пред луѓе и велеше дека тоа не го прави за да добие функција или во функција на некоја политичка партија, ќе зема државна плата и ќе советува.

Наместо од иселените 600.000  млади луѓе, колку што СДСМ тврдеше дека ја напуштиле Македонија, кои сега ќе се врателе да го почувствуваат “новиот живот” во државата, владата на Зоран Заев ги ангажираше Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Бранимир Јовановиќ, Влатко Васиљ, водителката од “Фчерашни новости” Јована Аврамоска, ќерката на Тито Петковски ……, а за комедијата да го достигне врвот, во влада влезе и Цацко.

И така некако, влеговме сите во скеч, на кој никој веќе не се смее.

Единствено добро е што од сите овие нови експерти и советници, само Цацко бил патриот. Тоа го поткрепуваме со следното видео:

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.