Деветгодишник бил повреден од мопед вчера попладне во Кавадарци, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Несреќата се случила на улицата „Вишешница“.
– Мопед марка „јуинг 50“ со кавадаречки регистарски таблици управуван од 55-годишниот С.А. од Кавадарци удрил во пешакот, кој се здобил со телесни повреди и е пренесен во ЈЗУ Општа Болница – Кавадарци, каде му е укажана медицинска помош, појасни Додевски.
Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци.